278
-На наше огромно задоволство Градски хор-Штип во една година по втор пат гостува во вашиот град. Нашиот репертоар е во склад со празниците овие денови. Концертот се вика „Во духот на традицијата“, а на програмата се македонски љубовни песни од сите жанрови, поп, рок, народни и староградски во хорско руво, истакна Јанкова.
Концертот, како што рече директорот на Центарот за култура, Методи Толевски, е најава за продолжението на проектот „Вечер на серенади“ во чии рамки нови староградски рефрени се најавени за идната среда.
-После овој концерт, со проектот „Вечер на серенада“ продолжуваме во среда на 11 септември, кога очекуваме да ни гостуваат староградски групи од Берово, Виница, Свети Николе и музичко дуо од Република Бугарија. Се надеваме дека публиката уживаше вечерва, а ќе присуствува во голем број и наредната среда, рече Толевски.
Синоќешниот концерт делчевскиот Центар за култура го реализираше во соработка со општината, како дел од одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Делчево и 28 години од Денот на независноста на Македонија.