„Вечерњи лист“: Студената војна меѓу Србија и Хрватска сѐ уште не е започната

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Разузнавачки игри без граници. Политиката во Белград повторно игра на погрешна карта на одржување на некоја митска надмоќ на државата Србија над Хрватска.

Srbija hrvatski shpion Cholovic

Ако Чедо Чоловиќ е хрватски агент и ако е уапсен во Србија, тоа би бил знак дека меѓу Хрватска и Србија започнала студена војна, пишува хрватскиот „Вечерњи лист“

Меѓутоа, според новинарот Давор Иванковиќ во текстот во „Вечерњи“, Чоловиќ не е ниту агент на Военоразузнавачката агенција (ВСОА), ниту на цивилното разузнавање (СОА).

Во хрватската разузнавачка заедница, како што се наведува, по сензационалната објава на белградските медиуми за апсењето на хрватскиот агент, набргу од состојба на тревога прејдоа во редовна состојба бидејќи подеднакво брзо установија дека „хрватските агенти во Србија се на број“.

„Чоловиќ во Србија, најверојатно, не го собрале туку така, но дали навистина потекнува од разузнавачкото милје уште од времето на поранешната држава, нека открива официјален Белград“, се вели во текстот.

Во хрватските разузнавачки служби на оваа приказна гледаат како на „српска политичка игра со цел да се направи обид за компромитација на Хрватска“.

„Некои поранешни српски разузнавачи, а сега аналитичари, веќе испраќаат преку медиумите повици до хрватската страна да преземе контрамерки и велат дека сега сигурно ќе одговориме на ист начин, но, како што стојат работите, јавни контрамерки нема да има затоа што Чоловиќ не е наш агент“, пишува Иванковиќ .

Како што хрватските агенти во Србија се „на број“, така, веројатно, и агентите на српската служба во Хрватска се исто така „на број“. И тоа, независно колку на „обичните“ луѓе да им се чини чудно, нормална состојба, покажува дека односите меѓу двете земји на тој план се во вообичаена ситуација на шпионски натпревар, се наведува понатаму.

Хрватска е свесна каде се разузнавачките центри на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) во Хрватска, како што и во Србија се свесни дека Хрватска таму има многу активна разузнавачка мрежа. Затоа, апсење на вистински хрватски агент би предизвикало потрес кој би ги искомплицирал односите меѓу Република Хрватска и Србија, пишува Вечерњи лист.

– Би почнала вистинска студена војна, во која сите ги соблекуваат ракавиците. Обвинението против Чоловиќ што му се покренува преку медиумите, дека собирал податоци за поранешни офицери на ЈНА и на српската војска, затоа што Хрватска, демек, се подготвува да ги пронајде воените злосторници, делува аматерски. Таа работа е веројатно веќе сработена. Покрај тоа, на Хрватска не ѝ се потребни такви „извидници“ бидејќи разузнавачката работа кон Србија се изведува, воглавно – од Хрватска. Преку системот за електронско следење нашите разузнавачи ја покриваат целата територија на Србија и многу подалеку на истокот. Извидници не се потребни за да знаеме кога ќе се покрене тенк во Ниш или Миг во Батајница – се вели во текстот.

Ивковиќ понатаму потсетува дека ако во 2002 година го немаше скандалот, кога министерот за одбрана Јозо Радош во „Глобус“ ги даде транскриптите од разговорот на Слободан Милошевиќ со генералите, можеби и денес немаше да се знае дека хрватските разузнавачи го прислушувале целиот српски воен и политички врв од 1995 до 2000.

– И затоа приказната за Чоловиќ, за сега, припаѓа само на политичката намера да и се напакости на Хрватска. Обидот да се изврши притисок на Белград врз Загреб со помош на ЕУ и Брисел не успеа, а ова апсење доаѓа во пресрет на новите руско-српски воени вежби веднаш до источната хрватска граница. Политиката во Белград повторно игра на погрешна карта на одржување на некоја митска надмоќ на државата Србија над Хрватска бидејќи со вакви провокации нема да може да врши притисок на Хрватска да не ѝ прави повеќе никакви проблеми на Србија во процесот на интеграција во ЕУ. Напротив“ – заклучува „Вечерњи лист“.

Српското раководство не го коментираше апсењето
Премиерот Тихомир Орешковиќ и министерот за надворешни работи на Хрватска Миро Ковач наводите за шпионажа ги отфрлија како неточни. Орешковиќ рече дека зборувал за апсењето со директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција Даниел Маркиќ, кој му рекол дека уапсениот не ехрватски шпион. „Ние знаеме дека тој бил мајор во ЈНА и дека за време на Татковинската војна се борел на српската страна“, изјави Орешковиќ и изрази уверување дека станува збор за провокација од Србија.

Министерот за надворешни работи Миро Ковач порача дека, „затоа што тоае пласирано во медиумите, а не на хрватската страна, излегува дека ова е некој вид на третокласна епизоди во оваа сапуница која на нас во Хрватскани се пласира со недели“.

– Ова е еден вид на „циркус Колорадо“ – рече Ковач, додавајќи дека истото му го порачал и на неговиот српски колега Ивица Дачиќ.

До затварањето на весникот никој од српскиот државен врв не гокоментираше апсењето, додава на крајот„Вечерњи лист“.