Арената „Борис Трајковски“ вечерва ќе ечи со хитовите на популарната американска група „Уан репаблик“, која доаѓа во Скопје во рамките на својата турнеја „The Native Tour“, а публиката заедно со нив ќе ги пее рефрените на „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ и „Love Runs Out“, кои се најдоа на нивниот трет студиски албум „Native World“, како и дел од постарите хитови, меѓу кои и синглот којшто ги лансираше на светската сцена – „Apologize.

images (83)

Вратите за публиката ќе бидат отворени од 19 часот, а во 20 часот концертот ќе го отворат специјалните гости „Мејкмејкс“, кои годинава ја претставуваа Австрија на „Евровизија 2015“. Популарниот бенд предводен од хит-мејкерот Рајан Тедер на сцената ќе се качи во 21 часот, а концертот ќе заврши во 22.45 часот, соопштија од „Авалон продукција“.

Продукцијата исто така соопшти дека комплетно се распродадени влезниците за фан пит и партер, на кои отпаѓа најголемиот дел од капацитетот на салата, а останати се само уште мал број влезници за трибина (1.200 денари) и ВИП трибина (1.500 денари), затоа побрзајте и набавете си влезница за најголемиот концертен спектакл годинава!

Влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

 

 

Слични содржини