Вечерва пристигнуваат три нови модели на iPhone, еве која клучна карактеристика ќе им недостасува!

од desk2

Вечерва од 19 часот Apple лансира нов iPhone. Очекувано, ќе има три модели, наследници на „буџетскиот“ телефон iPhone XR, iPhone XS како и моделот со супер големина iPhone XS Max. Се верува дека сите ќе носат ознака iPhone 11 но и додаток, во зависност пред се од големината на екранот.

Она што е сигурно е дека Apple ниту еден од овие уреди не го опремил со поддршка за 5G што е прилично разочарувачко особено ако се земе предвид дека оваа мрежа е широко достапна во целиот свет.

Се верува дека поновите модели, секако најсилните од нив, барем ќе имаат билатерално полнење, односно преку телефон ќе можат да се полнат и други уреди, пред се AirPods. Тоа би требало да биде придружено и со посилна батерија.

Новина е и A13 Bionic чипот кој наводно е побрз од било кој досега што го претставила конкуренцијата.

Кај дизајнот промената е највидлива кај преместувањето на камерата кај која ќе биде групирана во облик на квадрат, логото останува, но не и напишано iPhone, на задниот дел од телефонот, што отсекогаш беше случај во последните 11 години.

Би требало да биде укината и опцијата 3D ”touch”, да се додаде ново копче за ”mute”, сите три телефони да имаат OLED екрани, како и дека нивната големина ќе остане идентична со тековните уреди – 5,4, 6,1 и 6,7 инчи.

Секако, треба да почекаме до 19 часот вечерва кога од Купертин ќе пристигнуваат вести за овие телефони.

Слични содржини