Менаџерот Вејн Руни е уверен дека може да го претвори Плимут во успешен клуб од Чемпионшип, но мора да ги „засука ракавите“ доколку тоа се случи. Тимот е 21-ви во второто ниво на англискиот фудбал откако загуби со 1-6 од Норич и 0-4 од Бристол Сити во последните два натпревари.
„Задоволство и чест е да се работи во фудбалот. Секогаш давам се од себе. Јас сум борец“, изјави Руни, цитиран од Sky Sports.
„Се разбира, во моментов сме во тежок момент, но тоа воопшто не значи дека ќе се откажам и ќе „фрлам крпа“. Напротив, време е да ги засукам ракавите. Им објаснив и на момчињата – јас сум тука и ги поддржувам за да ги извлечам од ситуацијата во која се наоѓавме во последните две недели.
Ја сакам мојата професија и знам дека во неа има и добри и лоши денови. Се надевам дека во иднина ќе има повеќе позитивни емоции“, додаде легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед.