Ај ВејВеј е еден од најпознатите кинески уметници и борец за човекови права, влијателен со својот активистички пристап. Тој ја користи уметноста како метод на укажување и репрезентација на проблемите, будејќи ја свеста кај гледачите. Тој се изразува преку скулптурата, перформанс, филм и социјалните медиуми, за да покрене прашања за правдата. Тој е еден од најпровокативните уметници на ова време. Како уметник тој се обидува да ги деконструира и алармира проблемите кои треба да бидат упатени до Владите на секоја држава во однос на подобрувањето на човековите права.

„Како уметник, мојата задача е да се изразам, да ја споделам мојата чувствителност, ако сум во позиција и одбијам да го направам тоа, не е е важно дали ме нарекуваат уметник, тоа е ментална корупција, “ вели ВејВеј за Брилијантни идеи.
ВејВеј соработува со голем број на уметници, негова позната соработка е со германскиот уметник Олафур Елиасон „Месечина“, кој се случува неколку години онлајн.
Линк до веб сајтот на ВејВеј