Веќе 10 години се во ЕУ: Еуроњус направи застрашувачка анализа за случувањата во Бугарија и Романија

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Посреќни ли се граѓаните – дали се и,… каде одат парите, анализираат за состјбите во Бугарија и во Романија.


Деценија по влегувањето во Европската унија, какво влијание има членството на Бугарија и Романија? Подобро ли се Бугарите и Романците? Оваа анализа одлучи да ја направи Крис Харис од “Еуроњус”

Бруто домашниот производ бележи пораст и во двете земји во последните десет години.

Во Бугарија БДП по глава на жител е 41% од просекот на ЕУ при влегувањето во Унијата во 2007 година, достигнувајќи до 47% во 2015 година – последната година за која постојат информации. Во исто време во Романија во 2015 година БДП е 57%, пораст од пријавените 43% во 2007 година, покажуваат податоците на “Евростат”.

Помал е бројот на луѓето кои живеат во ризик од сиромаштија или социјално исклучување и во двете земји. Во Бугарија околу 60% влегуваат во оваа категорија во 2007 година, а во 2015 година се 41,3%. Во Романија вредностите паѓаат од 47% пред една деценија до 37,4% во 2015 година

И покрај овие позитивни индикатори, не сите луѓе во Романија ги чувствуваат промените во нивните паричници, вели романскиот политички аналитичар Раду Магдин за “Еуроњус”.

“Да, може да се каже дека е регистриран економски раст, може да се каже дека по економската криза Романија е економски тигар на Европа”, рече тој.
“Има, меѓутоа едно чувство на немоќ, што не е може да се објасни од Европа, во смисла дека економскиот раст не може да се одрази во џебовите на луѓето”, додава Магдин.

“Структурата на економијата е базирана главно на извоз. Добивката која ја прават мултинационални компании, се одразуваат во растот, но е многу тешко да се однесува овој раст на џебовите на луѓето, бидејќи тие не учествуваат во прераспределбата “, вели политичкиот аналитичар.

Што се случува со сите Бугари и Романци кои работат во странство?

Софиски медиуми објавија во 2015 година, дека бројот на Бугарите кои работат во странство (2,5 милиони.) е поголем од работната сила во земјата (2,2 милиони.).

Во исто време Романија има најбрзо растечка дијаспора во периодот 2000-2015 година за земја која не се наоѓа во воен конфликт, според податоците на ОН.

“Има огромен одлив на мозоци”, вели Магдин.”Вистината е дека многу малку од нив се враќаат по годините минати во странство”, додава тој.

Сепак некои се враќаат за кратки периоди, исто како работниците во Брисел, кои му помагале на романскиот премиер Дачијан Чиолос на различни проекти, посочува аналитичарот.

“Би рекол, особено во случајот на Букурешт дека повеќе луѓе се враќаат, дури и во други делови на земјата”, вели тој.
“На пример јас бев во северна Романија и таму имаше цело село од луѓе кои заминале да работат во странство, цели семејства, зафатени во сферата на градежништвото во Велика Британија, и сите тие се беа вратиле за Божиќ и почнуваат да градат куќи дома. Фактот дека го прават тоа значи дека ја гледаат својата иднина во Романија “, посочува уште Магдин.

И двете држави – и Романија, и Бугарија, имаат корист од парите испратени дома, покажуваат податоците на “Евростат”. Бугарија добила 456 милиони евра во форма на трансфери со лични средства во 2015 година, што претставува зголемување од 268,9 милиони евра во 2010 година. Романија има профит од 503,7 милиони евра во 2015 година, зголемување од 375,9 милиони евра три години порано.

Па сите пари од Брисел?

Од 368-те милиони дадени за продолжување на софиското метро до 355-те милиони евра, наменети за подобрување на водата и инфраструктурата на отпадните води во Романија, дури и најпознатите евроскептици не можат да спорат за тоа дека Брисел не инвестира во двете земји.

На Романија и се распределени 23 милијарди евра за финансискиот период 2014-2020 во споредба со 7,6 милијарди евра за Бугарија.

Според Магдин сепак и двете држави добиле милијарди во претходниот финансиски период до 2013 година и ги користеле лошо парите.

“Луѓето очекуваа дека во 2007 година овие пари само ќе се налеат во земјата, а потоа ќе добијат повторно”, вели тој.
“Ние лошо управувме со европските фондови. Станува збор за идеи, бирократија, канцелариии, но исто така и корупција “, дополнува Магдин.

“Сметам дека од самиот почеток имаше недостиг од визија за тоа што треба да се прави со тие пари. Влеговме неподготвени во ЕУ “, додава тој.
Магдин вели исто дека едно од клучните предности на членството во ЕУ за Романија е притисокот од страна на Брисел за справување со корупцијата, што дава позитивни резултати, за разлика од Бугарија.

Посреќни Бугарите или Романците?

И Бугарите и Романците се посреќни отколку пред една деценија, според податоци на студија од “Евробарометар”. Само 36% од Бугарите, прашани во 2007 година, изјавиле дека се задоволни од својот живот, во споредба со 53% од Романците.

До есента 2016 година 51% од Бугарите се изјасниле дека се задоволни од својот живот, за сметка на 58% од Романците.

“Мислам дека имаме начин на размислување за поплака и тоа им допаѓа да веруваме дека нашите земји се најлошите на светот, но тоа не е точно”, вели Магдин.
“Луѓето почнуваат да живеат подобро, посреќни се во земјите, но нашата типична навика да критикуваме се уште постои. Живееме подобро, претежно во големите градови, каде инвестициите се повеќе “, вели тој.

Што е иднината на Романија и Бугарија во ЕУ?

Според Магдин Романија и Бугарија делуваат на европската сцена како да се кандидатки за ЕУ, а не полноправни членови, но најверојатно и двете земји ќе се борат за повеќе присуство на среден рок.

Тоа е така најмногу затоа и двете држави се подготвуваат да го преземат ротирачкото претседателство на Советот на Европската унија во следните две години. Во прилог, наведува Магдин, Романија може да побара од Брисел повеќе флексибилност во однос на големината на нејзиниот дефицит, бидејќи новата влада во земјата ќе се обиде да ги исполни предизборните ветувања.

“Понекогаш човек има чувство дека Романија и Бугарија дека зазеле позицијата на најдобрите деца во блокот – понекогаш премногу добри и можеби не секогаш свртени кон своите интереси”, вели тој.

“Сметам дека тоа ќе се промени, не преку потврд тон од Софија и Букурешт, но ќе видиме двете држави да велат” Луѓе, ние не ви предизвикуваме никакви проблеми, ние сме еврофили, и двете ќе го имаат европско претседателство во наредните две години, дајте ни одмор, дајте ни простор, помогнете ни да го замислиме како успешен европскиот проект “, додава уште романскиот аналитичар