Тврди дека е оптимист, но и покрај тоа сер Тим Бернерс Ли, пронаоѓач на world wide web, вели дека „гадни ветрови“ дуваат кога во прашање е загриженоста во врска со пропагандата и маркетингот на мрежата, нејзината неутралност и лажните вести.

Вели дека секогаш сметал дека неговиот пронајдок претставува огледало на човештвото – добро, лошо и најлошо. Но, неговата визија „за отворени платформи кои на секого му дозволуваат да дели информации, да пристапи до бројни можности и да соработува со луѓето од разни страни на светот“ предизвикале можни дигитални „чувари на портата“, чии алгоритми стануваат оружје во рацете на главните манипулатори.
„Јас и понатаму сум оптимист, но оптимист на кого, додека стои на врвот од ридот, му дува разорна бура во лице и го лепи за ограда“, вели британскиот научник. „Мора да стегнеме заби и да издржиме крај таа ограда и да не земаме здраво за готово дека www ќе не однесе до прекрасни работи“.
Ширење дезинформации и пропаганда на мрежата експлодира делумно и поради начинот на кој системите за рекламирање на големите дигитални платформи, како Google и Facebook, се дизајнирани да го одржуваат вниманието на луѓето.
„Сфаќањето на луѓето е искривено на многу фино истренирана вештачка интелигенција, која знае како да им го одвлече вниманието“, вели Бернерс Ли.
Во некои случаи, овие платформи им нудат на корисниците кои ја креираат содржината дел од приходите од рекламите. Така токму финансискиот мотив, пред повеќе од година, ги наведе македонските тинејџери „без каков и да е политички мотив во целата игра“ да создадат лажна политичка „клик-бејт“ вест која е дистрибуирана на Facebook и финансирана од приходите на адвертајзинг софтверот на Google, AdSense.
„Системот оживува неуспех. Начинот на кој приходите доаѓаат од „клик-бејт“ не ја исполнува целта и не придонесува човештвото да ја промовира вистината и демократијата. Јас сум загрижен!“, вели Тим Беренрс Ли.
Британскиот научник уште во март оваа година, апелираше да се создаде регулаторна рамка за политички маркетинг на интернет, за да се спречи да биде користен на „неетички начини“.
Од тогаш до денес, откриени се руски компјутеркси оперативци, по пат на ткн. Микро-таргетинг политички реклами кои целеа на американските гласачи на Facebook, Google и Twitter. Исто така, аналитичарите на податоци на компании како Cambridge Analytica, која одржува милиони профили на поединци за да може да манипулира по пат на „бихејвиорален микро таргетинг“, се најдоа под лавина критики поради создавање „вооружена пропаганда на вештачка интелигенција“.
„Денес имаме мрачни реклами кои целат и манипулираат со луѓето, а потоа исчезнуваат затоа што не можат да се сочуваат како букмарк. Тоа не е демократија–тоа е ставање информации за тоа кој добива она што е одбрано од рацете на најманипулативните компании“, вели Бернерс Ли.
Меѓутоа, тој истакнува дека не е доцна да се запали светлото доколку луѓето се подготвени да предизвикаат статус кво:
„Толку навикнавме таквите системи да имаат улога на главен манипулатор, што луѓето просто мислат дека на тој начин функционира интернетот. Мора да се замислиме над тоа како треба тоа да изгледа“, додава Бернерс Ли.