Велика Британија денеска го очекува најтоплиот ден во историјата

од Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија денеска би можела да го има својот најтопол ден во историјата, бидејќи се прогнозира дека температурите ќе достигнат 41 Целзиусов степен.

Метеоролошката служба издаде црвено предупредување за високи температури во многу делови на Англија, кои се протегаат од Јорк и Манчестер до Лондон и во југоисточниот дел на земјата, јавува Би-Би-Си.

Највисоката температура некогаш забележана во Британија била 38,7 степени Целзиусови, а била измерена во Ботаничката градина на Универзитетот во Кембриџ на 25 јули 2019 година.

Слични содржини