Велика Британија го одбележува заминувањето од ЕУ со издавање на специјална монета

од desk2
90 прегледи

Велика Британија ќе го одбележи истапувањето од ЕУ наредната година со издавање на специјална монета.


Британскиот министер за финансии Филип Хемонд го промовира издавањето на специјалната монета со апоен од 50 пени.
На монетата ќе пишува „Пријателство со сите нации“ и ќе биде издадена на 29 март, кога Велика Британија треба да го напушти европскиот блок по 45 години членство.

Противниците на Брегзит не се импресионирани од овој гест и на социјалните мрежи се шегуваа за негативните аспекти од напуштањето на ЕУ на британската економија.

Пратеникот на опозициската Лабуристичкат партија, Вес Стиринг на Твитер напиша дека Владата претставува нова монета вредна од 50 пени по Брегзит, со слика над банкнота од една фунта, која во моментов вреди двојно повеќе.