Велика Британија: Руските шпиони скоро сигурно стојат зад труењето на Навални

од Nikola Popovski

Велика Британија соопштила дека Русија треба да одговори на прашањата во врска со труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, бидејќи е скоро сигурно дека руските разузнавачки служби стојат зад нападот со отровот „Новичок“ од советско време.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб изјави во Вашингтон, на состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео, дека „руската влада има обврска да објасни што му се случило на Навални“, додека тој рече дека употребата на хемиско оружје е „неприфатлива“, пренесува Ројтерс.

„Од британска гледна точка, многу е тешко да се види какво било прифатливо алтернативно објаснување во врска со фактот дека (нападот врз Навални) го извршиле руските разузнавачки служби“, рекол Раб.

Навални вчера објави своја слика од берлинската болница и изјави дека сега може да дише самостојно, без помош на респиратор.

Слични содржини