Велика Британија сака луѓето повеќе да разговараат во јавниот превоз за да не се чувствуваат осамени

од desk2
130 прегледи

Велика Британија сака да ги поттикне луѓето повеќе да комуницираат меѓусебе кога патуваат со јавниот превоз со цел да се бори против осаменоста на своето население. Превозните компании соработуваат со BBC за да ги мотивират луѓето да разговараат така што во автобусите се делат карти кои ќе им помогнат да почнат разгов ор со непознати луѓе од автобусот.

Посебни вагони од возовите, пак, се означени како кабини за четување, па одат дури дотаму што најмуваат актери кои ќе ги предизвикаат луѓето да комуницираат. Осаменоста во оваа модерна доба е една од главните причини за незадоволство и има штетно влијание врз здравјето на луѓето, а може дури и да им го скрати животот.

Но, истражувачи открија дека разговорот со други патници во јавниот превоз може да го направи секојдневното патување попријатно дури и за луѓето кои се срамежливи и не им е пријатно да разговараат со странци. Остражувањата покажуваат дека на непознатите луѓе кои ги среќаваме веројатно има се допаѓаме повеќе отколку што мислиме.

9 милиони луѓе во Велика Британија велат дека честопати или постојано се чувствуваат осамени, а речиси 50% од нив се постари од 65 години. Слична е ситуацијата со изолацијата и во други делови од светот. Осаменоста се смета за причинител на срцеви заболувања, депресија и проблеми со когнитивните способности на луѓето. Освен тоа, може да го скрати животот на луѓето исто како пушењето и гојазноста.

Можеби кратките разговори со непознати луѓе во автобус нема да ги остранат прилините за чувството на изолација, но пријателските зборови нема да ве чинат ништо, а некому може да му помогнат многу.