Велика Британија стави шест земји на „црвена листа“ поради новиот сој на корона

од Nikola Popovski

Велика Британија стави шест африкански земји на „црвена листа“ поради појавата на новиот сој на коронавирусот.

На „црвената листа“ се Јужна Африка, Намибија, Лесото, Боцвана, Зимбабве и Есватини (Свазиленд), објавија британските медиуми, а тоа на Твитер го потврди и британскиот министер за здравство Саџид Џавид.

Летовите од тие земји се привремено забранети, а британските граѓани кои доаѓаат од тие земји мора да бидат ставени во карантин.

Новиот сој на корона кој е откриен во Африка има 32 мутации во спајк протеинот, а некои експерти веруваат дека може да го „заобиколи“ имунитетот.

Слични содржини