Велика Британија во паника: Жителите може да останат без храна и лекови поради новиот вид на Ковид-19

од Nikola Popovski
174 прегледи

Жителите на Велика Британија, кои се разбудија денес во паника дека поради новиот вид на коронавирус што беше откриен во Велика Британија, наскоро може да останат без храна и лекови, бидејќи Франција го забрани товарниот сообраќај преку Ла Манш од страв да не се прошири вирусот.

Пристаништето Довер беше затворено за целиот товарен сообраќај кон Велика Британија во следните 48 часа откако Франција воведе привремена забрана за патување со цел да се спречи ширењето на мутираниот коронавирус што го турна Лондон и југоистокот на земјата во најстрогите епидемиолошки мерки.

Британските медицински експерти рекоа дека нема докази дека новата форма на вирусот е посмртоносна или дека поинаку ќе реагира на постојните вакцини, но се покажа дека е 70% повеќе пренослива.

Новиот вид е надвор од контрола

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека „новиот вирус е надвор од контрола“.

„Единствениот начин на кој можете да го направите тоа е со ограничување на социјалните контакти и во основа, особено во области со голем број на заразени, секој треба да се однесува како да има вирус и тоа е начинот на кој можеме да го ставиме под контрола и да ги заштитиме луѓето“, известил Хенкок за Си-Ен-Ен.

Некои случаи на новиот вид веќе се појавија во некои земји на ЕУ – Холандија и Италија, пред неколку недели, пишува агенцијата „dpa“ и наведува дека новиот вид е регистриран и во Германија.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) ги повика европските власти да го анализираат и следат редоследот на втор вид на вирус за да се открие неговото потенцијално ширење и повика на размена на информации преку Европскиот систем за рано предупредување и одговор. Експертите претежно се согласуваат дека вакцината против новиот вид на коронавирус ќе биде ефикасна.

Британците прават залихи

Во меѓувреме, Британската федерација за храна и пијалоци објави дека забраната за патување од Велика Британија во Франција има потенцијал да предизвика големи нарушувања во снабдувањето со свежа храна од Велика Британија за време на Божиќ.

„Возачите на континентални камиони не сакаат да патуваат тука од страв да не бидат блокирани. Владата мора итно да ја убеди француската влада да го ослободи товарниот сообраќај од забраната“, наведува Федерацијата.

И покрај мрачните прогнози, британските власти ги повикаа жителите да не ги испразнуваат продавниците, најпрво од страв дека нема да биде постигнат договор за Брегзит, а сега и поради појавата на новиот вид на корона. На почетокот на овој месец, продавачите објавија дека клиентите создаваат залихи на тоалетна хартија, конзервирана храна и други долготрајни производи како ориз, брашно и тестенини.

Уништен Божиќ

Италија, каде исто така е откриен новиот вид на корона, им забрани влез на сите што биле во Велика Британија во последните 14 дена, а забраната за летање ќе важи до 6 јануари, додека Австрија, Чешка, Салвадор, Турција и Канада се исто така воведоа ограничувања откако беше објавено дека новиот вид на вирус е 70 пати позаразен од првичниот

Поради новиот вид на вирус, Лондон и југоистокот на земјата сега се под нови, построги епидемиолошки мерки, додека во остатокот од земјата мерките ќе бидат ублажени само на Божиќ.

„Кога вирусот го менува начинот на напад, ние мора да го промениме начинот на кој се браниме“, изјавил премиерот Борис Џонсон.

Слични содржини