Велика Британија воведе санкции за рускиот патријарх Кирил

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска Велика Британија воведе санкции за неколку руски државјани, меѓу кои и патријархот Московски и на цела Русија, Кирил.

Санкциите се воведени поради неговата поддршка за воената операција во Украина, се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи, пренесува „Танјуг“.

На листата на санкционирани е ставена и руската комесарка за правата на детето Марија Лвова-Белова поради, како што се наведува, принудниот трансфер на украински деца, пренесува „Ројтерс“.

Санкциите опфаќаат и четворица високи руски воени функционери.

Слични содржини