Денеска е Велики четврток. Ова е еден од најважните денови во Страсната седмица, а според Светото Писмо на овој ден се одржала Тајната вечера, кога Исус ја претскажува смртта и предавството на Јуда.

На овој ден свештениците ја изнесуваат половината од жртвеникот, што го симболизира носењето од Христос кон Голгота.
За време на мисата која се врши во црквата, се читаат 12 одредени извадоци од Евангелието, меѓу кои и оние за Тајната вечера и предавничкиот бакнеж на Јуда.
Според традицијата, пред изгрејсонце треба да се исфарбаат велигденските јајца . Првото јајце треба да биде црвено. Со него на Велигден се допираат образите или челото за здравје. Некои ја почитуваат традицијата тоа да се стави до иконата во домот и да отстои до следниот Велигден.
Традициите заповедаат уште на масата да има повеќе црвени јајца за здравје на целото семејство. Некои луѓе носат црвени јајца во храмовите на вечерната саботна миса.
Според некои преданија црвените јајца симболизираат камчиња зад крстот, кои биле обоени од крвта на Исус Христос.
Според други Марија Магдалена извапцала црвени јајца кои ја симболизираат пролеаната крв на Спасителот и ги однела на гробот. Разбирајќи за воскресението на Христос, таа ги разделила на децата.
Бојадисувањето јајца има вековна историја . Традицијата со вапцањето на јајцата, прифатени како симбол на вселената, датира уште од времето на древните Кинези, Римјаните, Галијани.
Ако сепак не успеете денес да бојадисате јајца, може да го направите тоа и на Голема сабота. Не заборавајте дека денес не се пере и не се врши никакви други задолженија.