393
Ситуацијата за жал дојде до ова. Ние во континуитет наместо да разговараме за законите, разговараме дали има 61 пратеник. Ние не можеме да напраиме онлајн гласање, иако претседателот поднесе предлог закон оние кои проверуваат симптоми да можат да гласаат од дома, сите парламенти во Европа го имаат ова, само кај нас не, рече пратеникот од СДСМ, Диме Велковски.
-Во континуитет, 2 месеци имаме блокада за донесување на пакетот мерки, тоа никогаш до сега не било, се надевам дека од утре ќе продолжи нормална дебата. Ние јавно кажавме дека четворица пратеници не се во состојба да бидат на седницата, беше закажана без кворум. Имавме 51 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ беа таму но не влегоа во салата, рече Велковски.