Венера во Водолија носи ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ за 3 хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Венера во Водолија бара еднаквост, вистина, разбирање, почит, слобода. Во љубовните врски сега доаѓа периодот на ублажување на притисоците и прифаќање на различностите. Во Водолијата ќе се стави акцент на пријателството, искреноста, љубовта која никого не загрозува туку носи охрабрување.

Водолијата не сака никому да се наметнува. Ги истакнува најдобрите и најблагородните човечки особини.

Ова влијание најмногу ќе влијае на овие три знаци:

Лав
Често, Лавовите имаат силна самосвест, имаат карактеристика дека сакаат се да се врти околу нив и дека на прво место ги ставаат своите потреби. Венера во Водолија многу ќе ги разнежни, па ќе почнат да ѝ придаваат поголемо значење на другата страна, ќе почнат подобро да ги слушаат туѓите желби и потреби и затоа љубовната врска може многу да напредува во наредниот период.

Водолија
За Водолиите овој транзит е многу поволен, не само на полето на љубовните и партнерските односи, туку и на полето на работата и кариерата. Ова влијание носи промени на подобро, промени преку кои можете да решите некои сомнежи и да најдете ново решение за веќе стар проблем.

Вага
За Вагите ова влијание ќе донесе голем прилив на инспирација и креативност. На љубовно поле носи запознавање со личност која можеби е помлада од вас, која ја запознавате преку пријателите или социјалните мрежи. Ќе бидете иновативни во бизнисот, полни со нови идеи кои можат многу да го подобрат вашиот бизнис.

Слични содржини