Македонија ја запиша својата најголема победа во историјата на репрезентативниот фудбал, откако ја совлада големата Германија на свој терен со 2:1.
„Црвено-жолтите“ иако играа во дефанзива во поголемиот дел од мечот, целосно ја заслужија победата по головите на Пандев во првото полувреме и на Елмас на крајот од мечот.
Се чини, сепак, дека и дел од германските репрезентативци помогнаа во овој историски успех, од кои не видовме ниту дел од нивната моќ вечерва и се покажаа во катастрофално издание.
За тоа што видовме од „панцирите“ вечерва може да посведочи и неверојатното промашување на напаѓачот на Челси, Тимо Вернер. Тој при резултат 1:1 излезе сам пред нашиот Столе Димитриески и го промаши целиот гол од неколку метри.
Неговото промашување донесе огромна радост на цела Македонија, која храбро чекори кон уште едно големо фудбалско натпреварување – СП 2022 година во Катар.
my god this Werner miss for Germany lmao pic.twitter.com/e2zZjpW39a
— Mike (@hactuary_) March 31, 2021