Верстапен: Сите имаа можност да се уверат во моќта на Мерцедес

од desk4
151 прегледи

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен беше импресиониран од перформансите на болидите на Мерцедес. Верстапен на вчерашната трка од Формула 1 шампионатот не успеа да се одбрани од Хамилтон и на крајот заврши на второто место.

– Сите видоа колку се брзи болидите на Мерцедес кога треба да нападнат. Луис беше многу добар, а доминацијата на Мерцедес се манифестираше на дело. Не верувам дека на други трки ќе треба да напаѓаат со полна сила, но и во таков случај се далеку пред останатите, изјави Верстапен.

На Гран-при на Унгарија Хамилтон на Мерцедес му ја донесе десеттата победа во 12 трки во досегашниот дел од шампионатот. На останатите две триумфира Верстапен.