Весковски: Ќе настапиме со нови проекти за Карпош, само ние имаме граѓански концепт за општината

од Берта Китинска
778 прегледи

Влеваме надеж во граѓанскиот концепт. Имаме два концепта, оној кој беше 2017 година кој не сплоти сите политички партии да протестираме против урбанизацијата и бетонизација на Карпош и менувањето на неговиот демографски лик и другиот концепт кој е проевропски и насочен кон хуман развој на општината, истакна кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски во гостувањето на Утрински брифинг. Тој кажа дека треба да се зацврстат редовите на СДСМ и дека партијата ја сфатила пораката која ја испратиле граѓаните во првиот круг.

-Ќе настапиме со нови проекти за граѓаните на Карпош. Имаме можност да мобилизираме повеќе политички партии и граѓански здруженија. Луѓето од независната листа за советници на Карпош со нас протестираа во 2016 година против Јакимовски, рече Весковски.

Тој најави планска и хумана урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, голем парк во Карпош 4 на 86 илјади квадратни метри, катна гаража во Лептокарија, формирање на младински културен центар и две нови градинки на територија на општината.

Слични содржини