Весковски: Планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци

од Берта Китинска

Нашата цел е да не дозволиме урбаниот хаос предизвикан од непланската урбанизација од минатото, повторно да го окупира и нашиот Карпош, соопшти кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски.

„Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од Општината, останувајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Ова ќе биде Мега Проект што ќе го намали притисокот врз урбаниот дел.

Урбанизацијата на овој дел од Општината ќе биде изведена на начин што ќе обезбеди спречување на целосната бетонизација, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина.

Тука ќе има и модерен зелен пазар, наменет пред се за производителите од нашата општина“, додава тој.

Слични содржини