ВЕСТИ Кинескиот научник кој создаде ГМО бебиња во притвор

од desk2
185 прегледи

Кинескиот генетичар Хе Џианкуи, кој го шокираше светот со тврдењето дека создал две генетски модифицирани бебиња со CRIPSR метода, е во притвор.

Кон крајот на минатиот месец Џианкуи и неговиот американски колега Мајкл Дим ги известија медиумите дека за првпат успешно промениле гени на два ембриони. Станува збор за двете бебиња Лулу и Нана. Исклучен е генот CCR5, кој овозможува вирусот ХИВ да ги зарази клетките.

Објавата предизвика бурни реакции кај научниците ширум светот. Според информации со кои располага New York Times, кинеските власти го ставиле научникот во куќен притвор во комплексот на универзитетот на кој работи, каде смее да има комуникација со надворешниот свет, но не смее да го напушти просторот во кој се наоѓа.