Вежбањето наутро најефикасно за слабеење

од Stefanija Kuzmanovska

Помислата да станете рано в зори за да трчате, возите велосипед или да вежбате можеби ви звучи како невозможна мисија, но ако сакате да слабеете, мора да го промените тој став.

Најновите истражувања покажуваат дека токму утринското вежбање има поголем ефект во напорите за слабеење отколку тренингот во кој било друг период во денот.

Резултатите од тестирањето за вежбање и слабеење Midwest Excerise Trial 2 покажаа дека луѓето кои вежбаат наутро губат повеќе килограми во споредба со оние кои вежбале попладне или навечер.

Во тетсирањето учествувале повеќе од 100 мажи и жени со вишок килограми кои вежбале пет пати неделно.

Секој учесник вежбал додека не согори 600 калории.

По 10 месеци тетсирање, речиси сите ослабеле, но имало разлика меѓу оние кои вежбале во 7 часот наутро и оние кои вежбале во 19 часот навечер.

Заклучокот е дека испитаниците кои вежбале наутро биле поактивни во текот на денот во споредба со оние кои вежбале попладне.

Професор Ерик Вилис од Центарот за промовирање здравје и превенција на болести при Универзитетот Каролина вели дека има поврзаност меѓу губењето килограми и времето на вежбање, но дека секако е потребно да се направат повеќе истражувања.

„Важно е да се нагласи дека ако не сте во можност да вежбате наутро, тоа не значи дека вашето вежбање во други делови од денот е безвредно. Какво било вежбање, кога било е подобро од никакво вежбање“, порачува тој.

Слични содржини