
Роби Вилијамс се сликаше гол за корицата на новиот албум “Under the Radar Volume 2”. Музичарот издаде специјално видео во кое тој им се обраќа на своите фанови преставувајќи дел од новите парчиња.

На крајот на видеото тој ја покажува и корицата, на која се гледа како тој се искачич гол по големо дрво.
Во албумот влегуваат необјавени песни од 20-годишната музичка кариера на Роби, а прелиминарната продажба веќе започна на официјалната страница на пејачот.