
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека се уште немаат комплетирано мислење во врска со поделбата на ресорите во Владата и дека во наредните денови заедно со коалиционите партнери ќе разговараат за изнаоѓање на решение, информира АлсатМ.
„Сè уште не сме разговарале за тоа дали ќе има реконструкција или именувања. Сè уште немаме комплетирано мислење во оваа насока. Ќе видиме во наредните денови откако ќе разговараме со коалиционите партнери за тоа кое би било најдобро решение.“ – изјави Али Ахмети
Дали ќе го поддржите кандидатот на Алијансата?
„Реков, сè уште нема средби, нема такви предлози и треба да почекаме кога ќе се одржи средбата меѓу коалиционите партнери за да се разгледа целата ситуација во коалицијата.“
Дали вие планирате ваш кандидат за министер за здравство?
„Сè уште не сме изградиле став за тоа. Кога ќе имаме став, за тоа ќе бидете информирани.“
Во врска со коалициите, кого би претпочитале повеќе за коалиционен партнер, Тачи или Села?
„Не, не можам да зборувам за претпочитување, туку можам да зборувам за агенди. Кои се најблиските агенди. Ова влада е посветена на реформите, посветена во изнаоѓање на решенија за прашања кои досега не се решени и наш најголем приоритет е како да бидеме поуспешни во реформите.“ – oдговори Ахмети