Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, обвини дека мнозинствотото на Советот на Oпштина Гостивар предводено од ДУИ ја опструира работата на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, под директна наредба на премиерот Заев, информира Телма.

Тој рече дека буџетот на Општина Гостивар се уште не е донесен поради ваквите политички влијанија на моќниците од власта.
Села истакна дека СДСМ и ДУИ преку разни начини ги блокираат општините кои ги раководат луѓе од Алијансата за Албанците.
Буџетот на Општина Гостивар и по повеќе од два месеци никако да се најде на дневен ред на седница на советот на општината.
И Градоначалникот Таравари обвинува дека мнозинството на советот на општината кое го предводи ДУИ, намерно не сака да расправа ниту да го стави на дневен ред буџетот, се со цел како што вели да ја закочи работата на локалната самоуправа.
Целиот текст и видеото можете да го видите тука