(ВИДЕО) Аналитичари: Амнестирањето на осомничените политичари ќе ја продлабочи кризата

од desk2
73 прегледи

Амнестирањето на осомничените политичари за криминал и финансиска злоупотреба, според некои од аналитичарите, уште повеќе би ја продлабочило политичката кризата и не е гаранција за стабилност во Македонија. Поранешниот пратеник Зуди Џелили во емисијата „Патот кон…“ рече дека Македонија може да се надева на подобра политичка и безбедносна иднина само ако политичарите за кои постојат индијации дека биле вмешани во криминал сносат одговорност за нивните дела, информира АлсатМ.

„Мислам дека никој нема право да биде амнестиран и ниту еден од оние лица кои си поиграле со судбината на народот во Македонија. Напротив, без одговорност на оние кои ја доведоа земјата во ваква ситуација, нема никогаш да има светла перспектива.“ – вели Зуди Џелили, поранешен пратеник.
Ниту политикологот Беса Кадриу од Штуловиот универзитет не смета дека евентуалната амнестија на осомничените политичари за финансиски криминал, не би било вистинско решение за неколкугодишната политичка криза.

„Се работи за искуство кое треба да се промени. Велам да се промени поради тоа што веќе стана традиција во Македонија секогаш да се амнестираат лица кои биле на политичката сцена и кои не придонеле за вистинските вредности на функционирањето на демократскиот систем.“ – изјави Беса Кадриу, асистент, професорка

Според професорот Башким Селмани, неизлегувањето пред суд на оние за кои би постоел сомнеж дека направиле финансиски криминал, би создало вакуум-ситуација кој може да ја искористи некоја трета страна за дестабилизирање на државата.

Целиот текст можете да го прочитате тука