ВИДЕО: Австралија ја доби првата машина во светот која прави секакви вештачки бранови

од desk2
144 прегледи

Оваа џиновска машина прави вештачки бранови и може целосно да го смени начинот на кој ќе се сурфа во иднина. Машината за бранови е поставена во Јепун, Австралија и истовремено може да прави пет видови бранови.

Може да направи 2.400 бранови за еден час со различна тешкотија за сурфање – од тотални почетници до вистински професионалци, така што можат да ја користат сурфери со различно искуство и да сурфаат истовремено.

Еве како функционира. Компресираниот воздух го подигнува прстенот налик на крофна. Кога тој прстен ќе падне создава нешто слично на концентрични кругови, кои создаваат пет различни видови совршени бранови.

https://www.facebook.com/InTheKnowInnovationAOL/videos/1762775717162165/