
Макарони со мелено месо – ова е еден од оброците подготвени за околу 200 бездомници и сиромашни граѓани кои секоја сабота чекаат на добрината на хуманите луѓе, информира 24Вести.
Во центарот на Скопје, а сепак далеку од очите на јавноста се радуваат на секоја подадена рака. Животот си поиграл со нивните судбини, во зима велат им е најтешко.
Саботниот оброк повеќе од три години го подготвуваат и го делат хуманитарците на здружението “Љубезност”. Тони Станковски кој е еден од иницијаторите за да се роди и заживее оваа идеја вели дека особено за време на празниците граѓаните треба барем за миг да се сетат на оние кои со години живеат без пари и без греење на минусни температури, а се заборавени од државата и институциите.
Од здружението „Љубезност“ покрај за бездомниците доставуваат храна и хуманитарна помош и за социјално загрозените семејства./24Вести