СДСМ Бомба 15: Мијалков лапнал 500.000 евра само за да преговара за опрема за тајната полиција

од desk3
103 прегледи

images
Обелоденивме редица скандали што потврдуваат противуставно, протизаконско работење на Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и тесна група околу нив.

Денеска откриваме уште еден огромен корупциски скандал, со импликации и за Македонија и пошироко во регионот.

Станува збор за корупција на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Дел од снимките покажуваат дека зад зделката стои Никола Груевски, кој ја обезбедил реализацијата на огромниот корупциски бизнис.

Во овие разговори не се зборува во шифри, туку јасно, за огромни суми пари, кои преку Русија, Будимпешта завршуваат кај Сашо Мијалков. Станува збор за набавка на опрема за тајната полиција, од Израел. Бизнисот го договора Мијалков преку Светлана Костова. Тоа е таа која во претходниот разговор Мијалков ја израдува дека ја наместил за судијка. И како судијка во Управниот суд продолжува да ги врши валканите разговори.

За да почне да преговара, Мијалков побарал од Хаим Хакејни провизија од половина милиони евра. За да ги продолжи разговорите, инсистира да ги добие парите до евро. Од разговорите на Костова ќе чуете суми од по 500.000 евра, двапати по 900.000 евра, 250.000 евра и 840.000 евра, рече Заев  на денешната прес-конференција, на којашто ја презентира 15-та „бомба“.

Во изминатиот период од тогашниот директор на Петтата управа, Горан Митевски, стигна тврдење дека снимките кои потврди дека се автентични, се направени со снимката која е набавена во 2008 година од Израел. Во 2011 повторно е набавена. Потрошени се 14 милиони евра од граѓаните, за да влезат Груевски и Мијалков во животите на сите нас, рече Заев на денешната прес-конференција на која ги презентира новите докази за криминалите на власта.