ВИДЕО: Червар држеше противнички играч во финишот на дуелот Хрватска-Белорусија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Хрватскиот селектор Лино Червар на синоќешниот дуел со Белорусија направи потег што дел од спортските медиуми веќе го оценија како скандал.

Червар во финишот на натпреварот, на осум секунди до крајот, при напад на Белорусите кои „бркаа“ гол за реми, со едната рака го држеше Артур Карватски.

Во продолжение на акцијата на гостите им беше досудено пробивање, а домаќините постигнаа гол за конечни 25:23.

 

 

Останува да се види дали за овој потег, надлежните за регуларност на натпреварите на Европското првенство ќе преземат мерки.

Хрватска со оваа победа ги задржа шансите за полуфинале.