(ВИДЕО) Дали Ахмети најавува „Пржино 3“ – нема театар во Собрание без договор меѓу партиите!?

од desk2
93 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите. Тој во неговото интервју за РТВ21 рече дека досега нема никаков знак дека Собранието може да биде свикано, но според него се прават напори за тоа.

„Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во Собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“,изјави Али Ахмети.

Ахмети не гледа никакви проруски тенденции кај ВМРО-ДПМНЕ но вели дека на Русија не и одговара Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ. Тој рече дека доколку забележал заземање проруска страна во политиката, немаше да биде дел од владата.

Целиот текст можете да го прочитате тука