Според компанијата JikoPower базирана на Универзитетот во Вашингтон, приближно 80% од Кенијците имаат мобилен телефон, но само 20% проценти од нив имаат електрична енергија. Во некои случаи, тоа значи дека луѓето од оддалечените области треба да изминуваат долги растојанија за да користат платени станици за полнење. JikoPower има за цел да ја користи енергијата на огнот за готвење, преку својот термоелектричнен генератор Spark.

Како и другите термоелектричните апарати, уредот е изработен од авионска алуминиумска легура и има рамен модул кој генерира струја кога има значителна температурна разлика помеѓу двете страни.
Spark користи странична метална сонда која стрчи од едната страна. Оваа сонда се става меѓу пламенот на огнот за готвење и дното на тенџерето. Кога огнот ја загрева сондата, топлината доаѓа под термоелектричните модул и ја загрева неговата долна страна, каде има резервоар со вода, кој се наоѓа над модулот и ја задржува горната страна релативно студена. Добиената температурна разлика, дури и ако водата во резервоарот зоврие, е доволна за производство на електрична енергија со моќност од 2 до 5 вати.
Корисникот едноставно го вклучува својот телефон или друг уред во Spark и според JikoPower, прототипите, кои неодамна биле тестирани во Кенија и Уганда и каде можат да полнат целосно телефон во рок од два часа. Компанијата вели дека крајниот производ, подготвен за пазарот, треба да биде два пати побрз.

Освен заштеда на време и напор потребни за доаѓање до станицата за полнење, Spark нуди и некои други бенефиции. Наместо да плаќаат за да ги користат овие оддалечени станици за полнење, корисниците можат да заработат пари ако полнат на членови на нивната заедница. Покрај тоа, Spark овозможува користење за напојување со батерија LED светлина, наместо на телефон, деца таможат да напишат домашна вечерта, без да користат гасна ламба.
Се разбира, корисниците можат да останат подолго поврзани со светот и да одржуваат почесто телефонски повици.
“Нашиот план е да го продаваме уредот на луѓе во земјите во развој, како Кенија, преку постоечки мрежи за дистрибуција”, вели потпретседателот на JikoPower Марин Вили. “Ние сме заинтересирани да работиме со невладини организации или организации за грантови кои ќе помагаат, субвенционираат / шират JikoPower Spark во области каде што луѓето имаат значително помали можности.”