Демократот Ал Грин беше исфрлен од Претставничкиот дом поради навреда на претседателот Доналд Трамп за време на неговото обраќање во Конгресот во вторникот вечерта, неколку миниту по говорот на Трамп. Демократот бил исфрлен поради неговите скандирања до американскиот претседател дека нема мандат, во знак на револт за намалување на програмата за здраствена заштита.
Веднаш по скандирањето на Грин од страна на републиканските преставници во Домот било скандирано против републиканецот и гласно било извикувано САД, во знак на поддршка на претседателот Трамп.
Инаку, Грин е остар критичар на претседателот Трамп од времето на првиот мандат, и повеќе пати повикувал на отповикување, практика која веројатно ќе продолжи да ја користи и за време на новиот мандат на Трамп.