Според информација на црногорската телевизијза RTCG, активисти на Демократскиот фронт, кои се собраа пред Парламентот на Црна Гора, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.
Полицијата употреби солзавец и и шок бомбии гранати. Наводно, меѓу настраданите е заменик-претседателот на парламентот Бранко Радуловиќ, пратеникот Небојша Медојевиќ. Во моментов во центарот на градот е блокиран.Демонстрантите организирале протестен марш, откако во саботата полицијата со механизација и оклопни возила им го растури кампот и шаторите на претставниците на опозицијата, кои 20 дена протестираа пред зградата на парламентот.
Активистите протестираа против влезот на Црна Гора во НАТО и бараа оставка на владата на Мило Ѓукановиќ и спроведување на фер избори. Шатори беа бутнати со булдожери, очевидци раскажуваат дека полицијата ги растераат демонстрантите со особена жестокост. Раскажува за претепани демонстранти. Неколку лица се уапсени. Демонстрантите се на мислење дека наредбата за растурање на кампот на опозицијата била дадена лично од премиерот Ѓукановиќ.
Од Министерството за надворешни работи на Русија коментираа ситуацијата во Црна Гора. “Неодамнешните настани во Подгорица се повод за жалење. Се создава впечаток дека курсот кон забрзување на пристапот на Црна Гора во НАТО истовремено предвидува потиснување на алтернативните пристапи “, се вели во соопштението на Москва.