(Видео) Џејн Фонда уапсена на скалите на американскиот Конгрес

од desk2
214 прегледи

Холивудската актерка Џејн Фонда била уапсена на скалите на Конгресот додека протестирала против климатските промени, објавија американските медиуми.

81-годишната актерка заедно со група демонстранти протестирала во рамки на својата кампања под назив “Fire Drill Friday” (Противпожарен петок).

На Фонда и на уште неколку активисти им биле ставени лисици, а потоа биле одведени во полициско возило, а на социјалните мрежи се појави и снимка од апсењето, објави “AP”.

Полицијата за “CBS” соопштила дека биле уапсени 16 лица под обвинение за нарушување на дневниот ред. Актерката неколку часа подоцна била пуштена на слобода.

https://www.youtube.com/watch?v=of6yy8AGhT0

Пред да биде уапсена, Џејн во својот говор ги нарекла климатските промени “колективна криза која бара моментална колективна акција”. Фонда, која се преселила во Вашингтон за да се бори против климатските промени, се обврзала дека секој петок, до јануари, ќе протестира на скалите пред Конгресот.

Најавено е дека во акцијата ќе ѝ се придружат и други славни личности, економисти и луѓе од заедницата кои се погодени од овие промени.