(ВИДЕО)Домородна австралиска сенаторка ја нарече британската кралица „колонизатор“ за време на полагањето заклетва

од Nikola Popovski

Домородната австралиска сенаторка Лидија Торп ја нарече британската кралица Елизабета Втора „колонизатор“ додека положуваше заклетва во австралискиот парламент.

Претседателот на Сенатот ја запре сенаторката на Зелените и побара од неа да ја повтори заклетвата, јавува Би-Би-Си.

Таа денеска положи заклетва сама, додека другите дадоа заклетва минатата недела.

Заклетвата гласи „Јас, А.Б., се колнам дека ќе бидам верен и лојален на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, нејзините наследници и наследници на законот“.

Слични содржини