(ВИДЕО) Два дена преживеа мерката за бесплатен превоз

од desk2
88 прегледи
Мерката за бесплатно користење на  градскиот превоз која траеше само два дена поради загаденоста на воздухот од утре престанува да важи, информира Телевизија 24.
Од Град Скопје велат дека не можат да дадат резултати колку оваа мерка придонела во справувањето со проблемот  и прашањево го адресираа до надлежните институции и експертската јавност.
Сепак во својот допис наведуваат:
„Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.  Градот Скопје ќе продолжи со Интензивна контрола на градилиштата, миење на градските улици и булевари и интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во наша надлежност.“
Дел од граѓаните се скептични дека со мерката се подобрил квалитетот на воздухот во градот и бараат од градските власти нови решенија кои ќе дадат поголеми резултати.
Целиот тескт можете да го прочитате тука