Два моста се минирани од украинските војници, едниот е во Чонгарски теснец, кој го разделува полуостровот Крим од украинскиот полуостров Чонгар, а соодветно и од континентот.

Untitled03

Ова го соопштија руските медиуми, повикувајќи се на прес-центарот на гранично управување од Федералната служба за безбедност на Русија во Република Крим.

На 17 февруари руски граничари забележале зголемена активност од украинската страна на мостот Џанкој-Чонгар. Тие снимиле видео, како луѓе во воени униформи го минираат мостот. Спотот се појави денеска во јавноста.

На снимката се гледа како униформирани Украинци пренесуваат десетици зелени сандаци и ги ставаат под темелите на мостот. Кон сандаците се гледааткабли, чии краеви се наоѓаат кај украинските војници.

Руските граничари постојано испраќаат пораки кон украинската страна, но таа возврати со молчење. Истовремено, руската страна не може да го деминира мостот, бидејќи тој е во сопственост на Украина. Од своја страна украинската гранична полиција продолжува да пушта автомобили. Според руските граничари, тоа е крајно опасно за секој кој патува од Крим кон Украина. Засега движењето на мостот не е суспендирано, но од Кримската страна е намалено .

Слични содржини