Покрај правните празнини и заканите од ВМРО ДПМНЕ, новото парламентарно мнозинство нема инвентивни идеи за излегување од кризата во Собранието.

Овие се дел од ставовите на експертите изнесени во емисијата „Патот кон…“ на Алсат М.
Никола Дујовски оцени дека времето ги гази партиите на мнозинството, бидејќи можат да ја изгубат поддршката на гласачите поради нивното разочарување.
Коментирајќи ја улогата на ВМРО – ДПМНЕ, професорката Фатмире Љумани оцени дека се потребни законски измени кои би ги обврзале пратениците да имаат одговорност пред гласачите за спречување на работата на демократските институции.
„Во овој случај имаме „политички штрајк“ од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ кои за да ги постигнат своите цели прават опструкција на работата, на задачите кои ги имаат. Во Македонија нема посебни закони и во самиот Закон за работни основи кој е надлежен за вакви случаи, кој ќе ги штити и гласачите, граѓанинот кој му дал глас на пратеникот, а кој не ја врши работата како што треба“. – изјави Фатмире Лумани, професорка
За поранешниот пратеник Мухамед Халили, заканите на ВМРО – ДПМНЕ за преземање на поостри мерки ако се избере првиот парламентарец со сила, не треба да го загрижат новото мнозинство, бидејќи тие можат да бидат казнети и од меѓународните институции.
Целиот текст можете да го прочитате тука