(ВИДЕО+ФОТО 18+) Потресно: Родители џихадисти ги бакнуваат своите мали деца за збогум и ги праќаат да се саморазнесат во напад

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Радикален исламист од терористичката група “Џебхат Фатх ал-шам”, поранешната “Џебхат ан-Нусра”, која во текот на летото божем се откажа да биде дел од “Ал Каеда”, но всушност остана нејзино крило, и заповеда на 9-годишна ќерка да изврши самоубиствен напад во полициската станица во Дамаск, пишува “Дејли Меил”.
На социјалните мрежи се појави видео во кое Абу ан-Нимрим кој живее во предградие на сириската престолнина, ги убедува двете ќерки да извршат пеколно дело.
На потресните снимки прво мајката се простува со децата, а потоа се гледа како џикадистот, кој седи на троседот со автомат ги прегрнува своите деца, облечени во хиџаб.

За време на разговорот таткото и вели на едното 9-годишно дете, дека таа треба да го стави појасот на смртник, бидејќи “мажите се разбегаа или си заминаа во зелени автобуси”.

На овој начин терористот навестува дека членовите на “Исламска држава” и другите групи го напуштиле Алепо во рамките на договорот за прекин на огнот и очигледно според него нема кој да ја заштити честа на девојчињата.

Девојката се согласува и вели на глас што треба да се направи.

Потоа таткото се обраќа кон својата втора ќерка, прашувајќи ја дали и таа ќе се саморазнесе, но таа не проговорува.

“Се плашиш ли? Ти не треба да се плашиш, бидејќи ќе одиш во рајот”, вели џихадистот во обид да го изнуди бараниот одговор од детето. Девојката одговара потврдно.

На крајот на разговорот таткото и децата извикуваат “Алах акбар”!

Датумот на снимање на видеото не е познат, но на 16 декември во полициската станица во област мида во Дамаск, беше извршен атентат со учество на девојките.

Поголемото дете успева да ја одигра посакувана сцена дека се изгубила и успеала да влезе во просторот каде се саморазнела. Таа починала на лице место, а шестмина полицајци се повредени од кои еден од нив се наоѓа во тешка состојба.

Второто девојка се исплашило и избегало без да изврши такво пеколно дело.