Според сајтот info.cz Форејт бил уценуван од поранешен затвореник и токму тој го снимил и го продал видеото.

Истрага на новинарите е утврдено дека самиот шеф на протоколот имал долгови. Откако не ги вратил парите потрошени главно за дрога и секс, се појавило видеото.

“Пред тоа плаќаше, а потоа одеднаш застана и почна да се извинува дека ќе даде пари наредниот пат. Се обидов да го предупредам, но тој не се интересираше и не ме сфати сериозно. Затоа и решив да го снимам ова видео, а потоа да го продадам на медиумите “, вели авторот на скандалозните снимки, цитиран од Extra.cz.

Првично видеото е поставено на сајтот HlidacíPes.org, кој во моментов е неактивен.

Авторот на видеото нагласува дека тоа не е снимена по политичка нарачка и има целосно личен карактер. Тој се запознал со Форејт во почетокот на минатата година

Според новинарот од чешкото радио Јанез Кроупа авторот на видеото е маж кој лежел 6 години во затвор за грабеж. “Најверојатно се работи за маж, сопственик на придружба за мажи, освен со жиголо се претпоставува дека го намалил и Форејт, кој му бил клиент и купувач на дрога”, убеден е Кроупа.