
На социјалните мрежи се појави шокантно видео на кое е забележано како гости на свадба во Кина се нафрлаат врз невестата и почнуваат да ја фаќаат и да ја пипкаат како дел од многу чудниот обичај во земјата.
Девојката врескала и се смешкала, но едвај и било многу пријатно, бидејќи цело време се обидува да се извлече од “канџите” на мажите. Другите кои не учествувале во овој грд циркус, се смеееле и ја сликале случката од страна, пишува “Дејли Меил”.
Британските новинари изразуваат своето неразбирање зошто младоженецот им овозможува на гостите така грубо и арогантно да се однесуваат кон неговата сакана, иако во некои области на Кина постои слична свадбена традиција.