(ВИДЕО+ФОТО) Измир нова вест: Полицаец и двајца терористи се убиени во престрелката по експлозијата во градот

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Експлозијата пред судницата во Измир се случи во 16:10 часот, по локално време. Тројца терористи се судрија со полицијата, по експлозијата. При судирите еден полицаец беше убиен, како и двајца терористи, пишува Ahaber.

На видеото се слушаат повеќе истрели меѓу полицајците и терористите.

Според последните информации 10 лица се повредени, 6 од нив се однесени во болница во градот.

Инаку, се претпоставува дека експлозијата е поради автомобил-бомба. По првичните информации велеа дека има најмалку тројца повредени. Се уште нема информации дали има жртви, како последица на експлозијата.