
Сириската армија го ликвидира еден од теренските команданти на Исламска држава, соопштува РИА Новости. Терористот е познат како Абу Хамид ас Сукни. Се смета дека тој лично наредил да бидат уништени сите историски знаменитости во античкиот град Палмира, кој е под заштита на УНЕСКО. Тој бил еден од командантите на ИД во регионот, кога групата ги контролираше градот во 2015 година.

Според извор од редовите на сириските бунтовници, Сукни е убиен од делови на Сириската слободна армија на периферијата на Источен Хомс. Џихадистот лично раководел со една од единиците на “Исламска држава”.

Палмира беше на два пати освоена од ИД. За конечно сириски и руски војници ги на почетокот на овој месец ги натераа терористите да се повлечат од таму.
Во меѓувреме сириските бунтовници убија уште бомбаш-самоубиец во источниот дел на градот.