Таа ќе учествува во операцијата против исламистите во Сирија, од ноември до јануари.

Руската борбена армада денеска мина низ Ламанш. Бродовите, предводени од носачот на авиони, се на пат од северна Европа за Сирија. Тие минале и крај Британија, следени под будното око на британскат воена морнарица.

Единствениот руски носач на авиони “Адмирал Кузнецов” и истовремено група на бродови тргнаа од базата во Баренцово Море. Тие ќе учествуваат во операцијата против исламистите во Сирија, од ноември до јануари.

Флотата вклучува уште еден брод крстосувач, еден миноносец, два брода за борба со подморници, како и четири за опслужување на бродовите.

Руската армада беше проследена одблизу од два британски брод и авиони на крајбрежната стража.