(ВИДЕО+ФОТО) НАСА откри нешто невидено на Јупитер!

од Vladimir Zorba
74 прегледи

1472894893-2

Мисијата Џуно испрати први блиски кадри на планетата-гигант

Американската вселенска агенција НАСА објави нови фотографии од Јупитер. Тие се првите откако вселенското летало Џуно влезе во орбитата на планетата и го прикажа Северниот пол на планета.
Од НАСА ова го нарекоа “нешто невидено во Сончевиот систем”. Кадрите укажуваат на бури и климатски феномени кои досега не се регистрирани на ниту еден од познатите гасни гиганти планети.

1472894895-3

“Првиот поглед на северниот пол на Јупитер е нешто невидено досега”, вели Скот Болтон, аналитичар од Институтот во Сан Антонио. Повеќе неговите зборови таму е сино, отколку што е во другите делови на планетата и има многу бури. Генерално пејзажот е различен од она што научниците го очекуваа за Јупитер.

1472894891-1

“Џуно” пристигна околу Јупитер по речиси 5-годишно патување и непречено влегување во орбита. Сликите се направени од висина 4.200 м. Во следните 18 месеци апаратот ќе направи вкупно 36 круга во орбитата на Јупитер, по што ќе биде ангажиран во атмосферата на планетата.