
Луѓе биле прегазени во лондонскиот Ковент Гарден, откако црно такси се качило на тротоарот. Според зборовите на очевидци, „автомобилот се втурнал во луѓето“ на улица Саутампoн во дел кој е доста жив и посетен од населението во британската престолнина.
Џеј Гилберт за весникот „Метро“ изјавил дека неговата ќерка Кристи видела како црно такси се качило на тротоарот и почнало да ги прогонува луѓето. „Целата земја е посеана со трупови“, рекол тој.

Портпаролот на полицијата во Лондон изјави дека инцидентот не се смета за терористички чин. Случајот се третира како сообраќајна несреќа.
Large armed police presence on the Strand #strand #london pic.twitter.com/IHihmPGo8m
— Alexander Jones (@alexwelsh95) November 1, 2017
Во моментов се очекуваат информации за бројот на жртвите.