(ВИДЕО+ФОТО) Такси влета во колона во која бил Рама, повредени се три лица

од desk4
75 прегледи

Две возила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествувале во сообраќајна несреќа на патот кон Корча, при што три лица се повредени.

Како што јавуваат албанските медиуми, густата магла веројатно е причина за сообраќајната несреќа.

Рама од Тирана одел за Корча, каде треба да се одржи заедничката седница на албанската и на косовската влада.

Тројцата повредени се префрлени во болница веднаш по судирот на таксито, кое веројатно поради густата магла влетало во колоната возила во која се наоѓал и албанскиот премиер Рама.

Повредените не се во животна опасност, а во несреќата се оштетени четири возила, вклучувајќи и две возила од придружбата на Рама./Meта видео и фото Топ Чанал